натпреварувачи
767

Зимски игри 2024



- Почеток на 12.01.2024 во 15:00 часот, време по сервер [GMT +2]
- Влезна такса - БЕСПЛАТНА
- Времетраење - 33 дена


Општи услови



- Се допуштаат регистрации единствено на профили над 20-то ниво. За профилите од верзија 5, каде што нема нивоа, условот е тие да бидат на повеќе од 500 нето економски поени и да се регистрирани пред повеќе од 1 седмица. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.


Правила на игра во турнирот



- Брзина на развој на Империите - Мега Блиц (x10)
- Сите играчи почнуваат со по 1 милион од секој ресурс.
- Брзина на движење на личните војски - х4.
- Брзина на движење на сојузните војски - х1.
- Сојузите што учествуваат во игрите ќе се натпреваруваат во 13 различни дисциплини, кои покриваат различни аспекти на играта.
- Дисциплините ќе бидат со продолжителност од 1 до 3 дена.
- Дисциплините нема да бидат претходно познати и ќе бидат објавувани пред почетокот на секоја една од нив.
- За време на првите 3 дена на турнирот нема да има активна дисциплина.
- Сојузите ќе бидат оставени од до 30 играчи.
- Во првите 3 дена на светот може слободно да се влегува и излегува од сојуз. После овој период и при почетокот на дисциплините, сојузите се заклучуваат за промени во составот и нема да може да се исфрла, излегува, влегува или кани.
- Ако после 3-тиот ден има играчи без сојуз, тие ќе бидат блокирани и нема да можат да го продолжат учеството во турнирот.
- Лимитот на војска која може да биде распоредена во сојузен посед е зголемен на 500 милиони единици.
- Нивото на варварска закана ќе се зголемува 10 пати побрзо од нормалното.
- Секој варварски камп може да праќа напади против играчи кои се наоѓаат на максимум 360 растојание, наместо на 70.
- За секој победен варварски камп, играчот ќе добива 25% повеќе сила на нападот на варварите.
- Сила што се зголемува кај Варварските кампови - секој победен Варварски камп од играч, ќе ја зголемува војската на следниот нападнат Варварски камп со одреден процент. Зголемувањето е специфично за играчот кој напаѓа и нема да се одразува кај војската, која други играчи ја гледаат во кампот. Модификаторот за зголемување на Варварската војска во камповите се враќа до својата првична вредност на почетокот на секој ден.
- Бројот напади, кои секој играч може да ги испраќа кон варварски кампови е ограничен до 30 напади на ден. Ова исто така значи дека и максималната очекувана сила на варварски напад, којашто може да биде достигната е 350%. Бројот напади кон варварски кампови нема да биде ограничен во случај на дисциплини како Рунска изработка и Најмногу собрани ресурси од Независни градови, при кое максималната очекувана сила на варварски напад, која може да биде достигната, е ограничена на 500%.
- Ако напаѓачката варварска војска победи во Опсада на тврдина, сите градби на играчот паѓаат со 1 ниво, а основните поени за нив се одземаат од моменталните нето економски поени на играчот. Ако градба е во изградба, нивото што се гради ќе биде отстрането, а нето економските поени за него одземени. Куќите не можат да паднат под 5-то ниво во Престолнината и под 1-во ниво во останатите провинции. Ако тврдина 8 во неуништлива колонија биде уништена од варварски камп, колонијата повторно ќе стане уништлива.
- Варварските војски немаат капацитет на носивост, тие секогаш ги запленуваат сите ресурси ако победат во опсада на тврдина.
- Профилирањето на војска ќе биде достапно.
- Ќе бидат достапни Подобрени лични и сојузни тврдини.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа каков процент составува војската од нето економските поени на играчот.
- Сите модификатори од терени ќе бидат со зголемени вредности. Во врска со ова, неутралните терени исто ќе даваат бонуси и модификатори на империјата. Освен тоа, теренот на сојузните поседи секогаш е неутрален и тие исто ќе бидат под влијание на модификаторите од неутрални терени.
- Играчите ќе можат да избираат управувања за своите империи.
- Играчите ќе можат да ги испраќаат сите видови ресурси на своите сојузници.
- Играчите ќе можат да им праќаат засилувања на своите сојузници.
- Играчите ќе може да обновуваат 35% од изгубените во битка единици за дијаманти, независно од нивото на Воената медицина;
- Бесплатното обновување е ограничено до 65% од единиците изгубени во битка - 15% основно, со тоа што секое ниво Воена медицина го зголемува обновувањето со 0,5% за напаѓачи и 1% за бранители;
- Нападите кои заклучуваат ќе работат според следните параметри: нето вредноста на напаѓачката војска треба да биде најмалку 20% од нето вредноста на бранителот. Заклучувањето ќе се извршува само во последните 10 минути пред ударот, наместо преку целиот период во кој е видлив нападот.
- За време на игрите, сите учесници ќе добиваат двојно повеќе искуство за своите профили во светот на игрите.
- Подигнувањето на дијаманти од сојузната ризница нема да биде возможно.
- Без турнири.
- Без мод Одмор.


Рангирање



- На крајот на секоја дисциплина, сојузите што се рангирале на првите 10 места ќе добиваат поени - за 1-во место - 75 поени, за 2-ро место - 45 поени, за 3-то место - 15 поени, за 4-то место - 7 поени, за 5-то место - 6 поени, за 6-то место - 5 поени, за 7-мо место - 4 поени, за 8-мо место - 3 поени, за 9-то место - 2 поени, за 10-то место - 1 поен.
- Ако 2 или повеќе сојузи имаат еднаков резултат на крајот на дисциплината, рангирањето ќе се одредува според правилото за тајбрејк, коешто ќе биде објавено пред почетокот на секоја дисциплина.
- Победник во Зимските игри ќе биде сојузот што собрал најмногу поени од сите дисциплини.
- Ако помалку од 10 сојузи успеале да добијат поени од дисциплини, тогаш во финалната десетка ќе бидат рангирани и сојузи без поени според следното правило: кој сојуз има понизок резултат при пресметување на просечната вредност на сите негови рангирања во одделните дисциплини, разделена на бројот дисциплини, во којшто учествувал.
- Следните тајбрејк правила ќе го решат финалното рангирање ако 2 или повеќе сојузи имаат еднаков резултат:
1-ви тајбрејк - кој сојуз има повеќе златни медали
2-ри тајбрејк - кој сојуз има повеќе сребрени медали
3-ти тајбрејк - кој сојуз има повеќе бронзени медали
4-ти тајбрејк - кој сојуз има понизок резултат при пресметување на просечната вредност на сите негови рангирања во одделните дисцплини, разделена на бројот дисциплини во коишто учествувал
5-ти тајбрејк - кој сојуз има повеќе нето економски поени


Награди:



- Играчите од сојузите, рангирани на првите 3 места во крајното рангирање, ќе добијат медали за шампиони на Зимските игри на своите профили.
- Играчите од сите сојузи, коишто успеале да земат минимум едно прво, второ или трето место во некоја дисциплина, но нивниот сојуз не се рангирал во финалните топ 3, ќе добијат орден за учество. Секој играч може да добие само 1 орден.
- Специјален медал - го добиваат сите членови на сојузи од топ 10, кои не добиле друг медал. Дава 100 поени за Сала на славата.
- Ексклузивен медал - го добиваат сите членови на сојузи од топ 50, независно дали имаат друг медал. Дава дополнително 70 поени за Сала на славата.
- Сојузите што се рангирале на првите 10 места во крајното рангирање, ќе добијат дијаманти како што следува: за 1-во место - 6 800 000 привремени дијаманти, за 2-ро место – 4 250 000 привремени дијаманти, за 3-то место – 3 400 000 привремени дијаманти, за 4-то место – 2 550 000 привремени дијаманти, за 5-то место – 2 040 000 привремени дијаманти, за 6-то место – 1 700 000 привремени дијаманти, за 7-мо место – 1 190 000 привремени дијаманти, за 8-мо место – 1 190 000 привремени дијаманти, за 9-то место – 1 190 000 привремени дијаманти, за 10-то место – 1 190 000 привремени дијаманти.
*Сите дијаманти ќе бидат поделени под форма на ваучери со е-пин.

*Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.